Далиќ: Заслужено сме во осминафиналето, сега ги чекаме хрватските навивачи

Од:

Хрватскиот селектор Златко Далиќ им честиташе на своите фудбалери за пласманот во нокаут фазата на ЕУРО2020, оценувајќи дека „коцкестите“ апсолутно доминирале во синоќешниот триумф од 3:1 над Шкотска во Глазгов.

– Им честитам на моите момчиња на одлично одиграниот натпревар и пласманот во осминафиналето. Овој натпревар беше голем тест, пред сè за мене, а потоа и за сите останатите, да останеме мирни и сталожени, изјави по натпреварот Далиќ.

Хрватска во осминафиналето ќе игра во Копенхаген на 28 јуни од 18 часот, а противникот ќе го дознае денеска. За пласман во четвртфиналето потенцијални противници на Хрватите се репрезентациите на Шведска, Словачка, Шпанија или Полска.

– Не ми е важно кој ќе ни биде следен противник. Тоа што го посакувам за осминафиналето е да имаме голем број hрватски навивачи на трибините. Со нив сме посилни, додаде Далиќ.

Пласман во осминафиналето како првопласирани во групата Д обезбедија Англичаните по триумфот над Чешка од 1:0, а за противник на „Вембли“ во Лондон на 29 јуни од 18 часот ќе ја имаат репрезентацијата која ќе заврши второпласирана во групата Ф, во која се Португалија, Германија, Франција и Унгарија.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски