Црвена Звезда поведе со 2-0 во финалето на АБА лигата против Цедевита

Од:

Кошаркарите на актуелниот шампион на АБА лигата, Црвена Звезда, се на една победа од одбрана на титулата, откако вечерва во вториот финален натпревар ја совладаа Цедевита со 84:73.

Резултат по четвртини: 29:18; 28:16; 15:16 и 12:23.

За разлика од вчерашниот прв дуел, во кој гостите од Загреб водеа на почетокот, вечерва Црвена Звезда со сигурна игра од самиот старт на дуелот ја најави новата победа. На полувреме шампионот имаше водство од 57:34. Цедевита во вториот дел само го намали поразот.

Најефикасен на дуелот беше Чарлс Џенкинс од Црвена Звезда со 16 поени.

Следниот трет натпревар од финалната серија се игра в четврток во Загреб.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“

ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Жарко Настоски