Црна Гора противник за влез во финалето

Од:

Избраниците на селекторот Мизра Куртовиќ вечерва во дуел со Црна Гора ќе се обидат да изборат пласман во финалето на Европското првенство – Б дивизија.

Македонските кошаркари до 18 години во струмичката сала „Парк“  со помош на навивачите ќе се обидат да постигнат победа во полуфиналето што ќе значи и пласман во А дивизијата.

Почетокот на натпреварот е во 18 часот и 45 минути.

Во првото полуфинале ќе играат Полска и Белгија (почеток 16:30 часот).

Победниците од полуфиналните дуели ќе обезбедат пласман во А дивизијата, додека поразените ќе имаат уште една шанса да го направи тоа преку натпреварот за 3.место.

Трите првопласирани селекции од шампионатот обезбедуваат пласман во А дивизијата.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ