Член на МОК: Поверојатно е откажување отколку одложување на Олимпијадата

Од:

Членот на Меѓународниот олимписки комитет, Дик Паунд изјави денеска дека ако се покаже дека одржувањето на Олимпијадата во Токио ова лето е премногу опасно поради епидемијата на коронавирус, организаторите поверојатно ќе го откажат настанот отколку да го одложат.

Паунд во интервју за АП вели дека решението за одржување на Олимпијадата ќе треба да се донесе во рок од три месеци, односно до крајот на мај.

– Околу тој датум организаторите треба да одлучат дали епидемијата е под доволна контрола за да се одржи Олимпијадата, рече поранешен канадски пливач.

Тој повтори дека ставот на МОК се потпира на консултацијата со Светската здравствена организација кога станува збор за преземање на какви било чекори.

Членот на МОК не верува дека одложувањето на Олимпијадата е опција, бидејќи настан со ваква големина и обем не може да се одложи. Според него, преместувањето на Олимпијадата во друг град е малку веројатно, бидејќи нема многу места во светот што би можеле да обезбедат се што е потребно за ваков настан во толку кратко време.

Тој, исто така, се сомнева во можноста за едногодишно одложување, бидејќи ќе треба да се вклопи во другите спортски натпревари.

Паунд рече дека МОК формира фонд за итни случаи од една милијарда американски долари. Ги повика спортистите да продолжат со тренинзите.

Околу 11.000 спортисти се очекува да учествуваат на Олимпијадата, која треба да започне на 24 јули, додека приближно 4.400 се пријавени за Параолимписките игри закажани за 25 август.

Современите олимписки игри, кои започнаа во 1896 година, во историјата беа откажани само еднаш, за време на Втората светска војна.

Олимпијадата во 1940 година требаше да се одржи во Токио, но беше откажана заради војната на Јапонија со Кина и Втората светска војна.

Во 2016 година во прашање беа доведени и Олимписките игри во Рио де Жанеиро поради вирусот Зика.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он