Кошаркарот Винс Картер го продолжи договорот со Атланта, објавено е на официјалната веб-страница на клубот.
Ова ќе биде 22-та и според најавите последна сезона во неговата кариера. Условите на договорот не беа обелоденети.
Картер се пресели во Атланта во 2018 година од Сакраменто. Во дресот на „Хокс“ 42-годишниот кошаркар настапи на 76 натпревари од регуларниот дел минатата сезона во НБА лигата. Оставри просек 7,4 поени 2,6 скока и 1,1 асистенција по натпревар.