Четири кандидати за организација на ФИБА квалификациски турнири

Од:

Во пресрет на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ќе организира три квалификациски турнири, а досега интерес за добивање на организација на еден од нив пројавија четири земји.

Официјално Турција поднесе кандидатура за домаќин на квалификациски турнир, неофицијални кандидатури објавија Италија и Русија, а од вчера ним им се приклучи и Србија.

Квалификациите ќе се играат во јули следната година, а ФИБА за два месеца ќе објави кои три земји ќе бидат организатори на турнирите за учество во Рио.

Од штотуку завршениот Евробаскет 2015 директно учество на Олимпијадата обезбедија финалистите Шпанија и Литванија.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка