Чех останува во Челзи, а Шварцер се сели во Лестер

Од:

Петр Чех, голманот на премиер лигашот Челзи, останува на „Стемфорд Бриџ’’, додека Марк Шварцер заминува во редовите на Лестер.

Англиските медиуми пренесуваат дека причината поради која Чех останува во редовите на „сините“ од Лондон, е заминувањето на австралискиот голман Марк Шварцер.

Имено, третиот голман на Челзи, 42-годишниот Шварцер ќе мине во редовите на Лестер. Австралиецот во Челзи дојде од Фулам во 2013 година, како замена за тогаш повредениот Чех, а досега настапи на само четири натпревари во Премиер лигата.

Замена пак за Шварцер ќе биде повратникот Џамал Блекмен, кој на „Стенфорд бриџ’’ се враќа од Мидлсборо во кој настапуваше како позајмен играч.

Останувањето на Чех незначи дека репрезентативецот на Чешка ќе добие предност во однос на Тибо Куртоа, кој по враќањето од Атлетико Мадрид на почетокот на сезоната ја има улогата на чувар на мрежата на Челзи.

Чех, кој во Челзи дојде 2004 година, има настапи на повеќе од 300 натпревари за лондонскиот клуб во сите натпреварувања. Тој незадоволен од фактот што сега е резерва на Куртоа, честопати најавуваше заминување од „Стенфорд бриџ’’.

Би можело да ве интересира

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ