Чави: На Меси му е потребна Барса, а на Барса и е потребна Меси, би се обложил дека тој ќе остане

Од:

Тренерот на Ал-Сад, Чави, проговори за ситуацијата со договорот на напаѓачот Лионел Меси.

– Постојат одредени услови на пазарот и треба да почекаме да видиме како сето тоа ќе заврши. Колку што разбрав, Лео комуницира со Барселона и претседателот на клубот. Му посакувам најдобро. Како негов пријател и како навивач на Барселона, се надевам дека тој ќе продолжи да игра за клубот. Се надеваме дека ова ќе биде објавено што е можно поскоро. Ако требаше да се обложам, ќе ја изберев опцијата во која останува Меси, иако во фудбалот сè може да се случи. На Лео и е потребна Барса, а на Барса и треба Лео. Тој е среќен таму, го помина целиот свој живот таму, истакна Чави.

Од вчера Меси е слободен агент, а во периодов е со репрезентацијата на Аргентина на Купот на Америка.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот