Поранешниот фудбалер на Барселона и член на шпанската репрезентација Чави Ернандез го продолжи договорот со катарскиот клуб Ал Сад, за кого ќе настапува и во следните две сезони.
На овој начин 39-годишниот фудбалер ќе продолжи активно да игра и во петта деценија од животот.
– Среќен сум што и во следните две години ќе бидам дел од семејството Ал Сад, изјави фудбалерот по потпишувањето на новиот договор.
Чави Ернандез со Барселона освои 25 трофеи, а во Ал Сад дојде во 2015 година.
Ал Сад во катарскиот шампионат се наоѓа на втората позиција.