Плејмејкерот на белградска Црвена Звезда, Чарлс Џенкинс го понесе признанието за најкорисен играч (МВП) во финалето на регионалната АБА лига.
Црвена Звезда по трет пат во низа ја освои шампионската титула во АБА лигата, откако во финалето со 3-0 во победи ја совлада загрепска Цедевита. Американецот во редовите на црвено-белите Џенкинс финалната серија ја заврши со прочен учинок од 14,6 поени по натпревар, 5,6 асистенции и 3,6 скокови.
„Да се стане МВП искрајно мене и не ми значи многу. Победата на тимот е поважен. Тимот е пред се“, изјави скромно Џенкинс по добивањето на признанието.
Тој ја откри и тајната за својата одличен настап сезонава во дресто на Црвена Звезда не само во АБА лигата туку и Евролигата.
„Дејан Радоњиќ беше мојот прв тренер во Европа и ние имаме посебен однос, мешусебната доверба само продолжува да расте. Тој направи да се чувствувам многу удобно на теренот. Минатата сезона ја поминав на друго место, каде што ја немав истата можност да покажам се што можам. Но, тоа не е важно, сега кога се вратив дома“, дополни Џенкис.
Со триумфот во АБА лигата белградскиот тим избори пласман во Евролигата следната сезона, што ќе биде пета година по ред црвено-белите да настапуваат во најквалитетното европско клупско натпревраување.