Церемонијата на отворање на ЗОИ во Пекинг доверена на режисерот Јиму

Од:

Најпознатиот кинески режисер Жанг Јиму е назначен за уметнички директор на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) закажана за 4 февруари на стадионот „Птичје гнездо“ во Пекинг.

Јиму (71) успешно го режираше отворањето на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, а сега повторно ја презема улогата уметнички директор на церемониите на отворање и затворање на Игрите, чиј домаќин идниот месец ќе биде кинеската престолнина.

– Можноста по втор пат да го режирам отворањето на олимписките игри е голема чест, но и товар, бидејќи никој никогаш не бил два пати режисер. Отворањето на Игрите на 4 февруари ќе биде уште подобро од Пекинг 2008, бидејќи ќе креирам нешто ново. На отворањето на Игрите 2008 ја претставив кинеската историја и цивилизација, а денес сè е поинаку, и статусот на Кина и угледот на Кина во светот, изјави Јиму, кој најави оти нема да вклучува „голем број изведувачи“.

Церемонијата на отворањето на зимската Олимпијада ќе трае 100 минути.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шчербакова го освои златото во уметничко лизгање

А1он

ВИДЕО: Трусова направи историски подвиг, па во солзи изјави дека се откажува

А1он

Гисин повторно најдобра во комбинација

ВИДЕО: Лизгачката која несакајќи ги покажа градите на последните Олимписки игри, сега освои златен медал

А1он

Одермат златен во велеслалом, Словенецот Крањец сензацонално до среброто

Блинкен не исклучува руски напад врз Украина и за време на ЗОИ во Пекинг

А1он