Блинкен не исклучува руски напад врз Украина и за време на ЗОИ во Пекинг

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека Русија концентрира сѐ поголема војска до границата со Украина и предупреди на можноста од воен напад за време на Зимските олимписки игри, што во моментов се одржуваат во Пекинг.

-Се наоѓаме во таков период кога инвазијата можа да се започне во секој момент, и да бидеме начисто, тоа може да се случи за време на Олимпијадата, изјави тој.

Државниот секретар ја отфрли претпоставката дека Москва ќе почека до крајот на Игрите во Пекинг за да не се затемни сојузничка Кина.

Според него, Вашингтон продолжува да го намалува персоналот во својата амбасада во Киев.

-Продолжуваме со тој процес, и дадовме јасно до знаење дека сите американски државјани кои останале во Украина да заминат веднаш, изјави Блинкен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси