Цедевита поведе со 1-0 против Партизан во полуфиналето на АБА лигата

Од:

Кошаркарите на Цедевита го добија првиот полуфинален натпревра против Партизан во разигрувањето за титулата во регионалната АБА лига.

На натпревраот одигран синоќа во Загреб хрватскиот првак Цедевита го совлада белградски Партизан со 83:76 по четвртини 25:17, 29:18, 16:24 и 13:17.

Најефикасни во победничкиот табор беа Американецот, Џон Шурна со 15 и Миро Билан со 13 поени, додека кај гостите се истакнаа Вилијам Хачер со 18 и Новица Величковиќ со 14 поени.

Вечерва во Белград од од 19 часот својот прв полуфинален меч ќе го играат бранителот на шампионскиот трофеј Црвена Ѕвезда и црногорскиот првак Будуќност.

Полуфиналната серија во АБА лигата се игра во два добиени натпревари. Реванш натпреварите на програмата се на 25 и 28 март, додека евентуалните решавачки натпревари, мајсторките би се играле на 1 и 4 април.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Обрадовиќ збесна и удри човек, многумина не го видоа тоа во преносот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестоко во „Пионир“: Навивачите направија хаос, натпреварот Црвена Звезда-Партизан доцнеше

ВИДЕО: Лесор суспендиран на три натпревари поради физички напад

ВИДЕО: Се пресметаа навивачите на Црвена Звезда и Будуќност на трибините во „Морача“

ВИДЕО: Убедлив пораз на МЗТ Скопје од Будуќност

ВИДЕО: Инцидент на мечот Будуќност-Мега, Американецот Рид исклучен поради брутален напад

Жарко Настоски