Буфон во Јувентус до крајот на кариерата

Од:

Еден од најдобрите италијански чувари на мрежата на сите времиња и жива легенда на торинскиот гигант, Џанлуиџи Буфон, според наводите на новинарите од Апенините, во следните денови ќе ја продолжи соработката со Јувентус.

Според новиот „ветерански“ договор, популарниот Џиџи ќе продолжи да ги брани боите на „бјанконерите“ и во следните 4 сезони. Ова значи дека во тимот ќе остане до летото 2016-та година, по што многу веројатно ќе одлучи да се пензионира.

Како што наведува весникот „Газета дело спорт“, официјализирањето на новиот договор е закажано за в среда. Италијанскиот репрезентативен голман во моментов има 34 години, а се очекува дека уште некое време ќе го носи и националниот дрес.

Инаку, Џанлуиџи Буфон во Јувентус стигна во 2001-та година од Парма и досега за „Старата дама“ има одиграно 398 натпревари. Голот на италијанската репрезентација пак, го бранел 121 пат.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ