Брестовац пред мечот со Мешков: Да стигнеме до победа макар и со еден разлика

Од:

Тренерот на екипата на Металург, Данило Брестовац пред натпреварот против Мешков Брест во недела во СЕХА лигата, изјави дека очекува добар натпревар и тимот да ја продолжи нагорната линија во претставувањето.

Металурзите ќе го одиграат последниот меч дома за 2018 година, а досега запишаа само една победа и едно реми од 10 натпревари во регионалната лига и се претпоследни на табелата со 4 бода.

-Очекувам добра игра и дека се што работиме ќе продолжи во една нагорна линија, и во нападот и во одбраната. Имаме згуснат распоред, кај играчите се чувствува замор, но јас очекувам со добра игра да стигнеме до победа макар и со еден разлика. Ќе видиме со каков тим ќе пристигне Мешков, но сметам дека можеме до позитивен резултат, изјави Брестовац на денешната прес-конференција.

Дуелот од 11.коло на СЕХА Лигата е на програмата во недела од 17:30 часот.

Би можело да ве интересира

Вардар нема да оди на шеста СЕХА титула по пенал-драмата со Нексе

Вардар: Изборивме место на Ф4, СЕХА реши да не исфрли поради позитивен случај

А1он

Вујовиќ по исфрлањето на Вардар од Ф4: Срамна одлука на СЕХА

СЕХА потврди, Вардар нема да игра на „Фајнал фор“

А1он

Поради позитивен ракометар на коронавирус, Вардар најверојатно нема да игра на Ф4 во СЕХА

А1он

СЕХА: Еурофарм Пелистер елиминиран во четвртфиналето