Брејди против Осака во женското финале на Австралија опен

Од:

Американската тенисерка Џенифер Брејди утринава ја победи Каролина Мухова од Чешка со 6:4, 3:6 и 6 4 и се пласира во финалето на Австралија опен. Мечот во Мелбурн траеше два часа, а Брејди го заврши со осум аса, наспроти еден на Мухова.

Противничка на Брејди во финалето ќе биде Јапонката Наоми Осака, која ноќеска во два сета ја совлада Американката Серена Вилијамс – 6:3, 6:4.

На Грен слемот во Мелбурн претпладнево ќе се игра првото полуфинале кај тенисерите. Во него ќе се соочат Новак Ѓоковиќ и Аслан Каратсев. Другото машко полуфинале во кое ќе се сретнат Данил Медведев и Стефанос Циципас е закажано за утре.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

Навивачи го прекинаа финалето на Австралија опен поради Палестина, викајќи и врзувајќи се за столчиња

Предраг Петровиќ

Зверев разочаран: Фрустрирачки – ова ми се случи првпат во кариерата

Епски пресврт на Медведев за пласман во финалето

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он