Фудбалската репрезентација на Бразил стигна до минимална победа (1:0) над Швајцарија со која се пласира во осминафиналето на Мундијалот во Катар. Но, покрај тоа, избраниците на Тите поставија и нов рекорд.
Тимот на Бразил е во серија од 17 натпревари без пораз во групната фаза на светските првенства.
„Селесао“ може да го подобри тој подвиг бидејќи имаат уште еден натпревар од групата Г во Катар против Камерун.
Последниот пораз на Бразил во натпревар од оваа фаза на Мундијалот беше во далечната 1998 година на шампионатот во Франција, кога „кариоките“ загубија од Норвешка со 1:2.
Извор: Топспорт