Бразил и Шпанија во финалето на СП во Футсал

Од:

Репрезентациите на Шпанија и Бразил ќе играат во финалето на Светското првенство во Футсал, откако во полуфиналните мечеви, во Бангкок, ги совладаа Италија, односно Колумбија.

Бразилците ја победија Колумбија со 3:1, а стрелци на головите беа Габриел во првата и 48-та минута и Торо (автогол) во 28-та минута. Единствениот гол за Колумбија го постигна Торо во 19-та минута од натпреварот.

Шпанија за пласман во финалето беше подобра од Италија со 4:1. Асис, Алемао, Лозано и Лин беа стрелци на головите за ‘црвената фурија’, единствен стрелец за Италија беше Мерлим.

Финалето кое ќе се одигра в недела ќе биде реприза на последното мундијалско финале, во 2008 година, Бразил ја победи Шпанија, по продолженијата со 4:3.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ