Борусија и Ајакс до Суперкупот во своите земји, Реал и Милан победија на меѓународни турнири

Од:

Низ Европа додека трае летната пауза во домашните првенства, се играат неколку силни турнири, пријателски натпревари, како и Суперкуп дуели во матичните држави.

Во германскиот Суперкуп, синоќа во Дортмунд, Борусија со 4:2 го совлада шампионот Баерн Минхен. На клупата на Баварците неуспешно деби имаше шпанскиот стратег Пеп Гвардиола.

Супекупот во Холандија го освои Ајакс кој на „Амстердам Арена“ по продолженија го порази АЗ со 3:2. Основните 90 минути завршија 2:2.

Милан во четвртфиналето на егзибициониот турнир ја победи домашната Валенсија со 2:1. Робињо и Де Јонг погодија за Милан, Парехо намали на 2:1.

Пријателски натпревар во Гетеборг (Шведска) одиграа францускиот шампион Пари Сен-Жермен и шпанскиот гигант Реал Мадрид. Победата им припадна на мадриѓаните со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Карим Бензема во 23.минута.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ