Бојовиќ уште една година во Вардар

Од:

Иако првично беше најавено дека Раденко Бојовиќ го напушта клубот, по последните преговори со раководството на Вардар постигнат е заеднички договор за соработка на уште една година, соопштија денеска од таборот на „црвено-црните“.

– Вардар секогаш бил приоритет и тука нема зборови за тоа. После толку години поминати во Вардар, кај мене немаше многу размислување. Среќен сум поради фактот што најдовме заеднички јазик со управата за продолжување на соработката, изјави Бојовиќ за веб страната на ФК Вардар.

Тој им порача на навивачите дека фудбалерите се свесни за изминатата лоша сезона и ветува подобри резултати во новото првенство.

– Останавме должни на навивачите и позади нас е една лоша сезона каде што освоивме само еден трофеј, а тоа е Суперкупот на Македонија. Во тек се подготовките и се подготвуваме за предизвиците кои не очекуваат во следната сезона. Поучени од грешките од претходната година, ќе се одолжиме на навивачите кои се навикнаа на победи и титули за Вардар, а оваа екипа има квалитет за сето тоа, додаде Бојовиќ.

Инаку, последните 4 години, 33 годишниот централен бек, Раденко Бојовиќ забележа 81 настап за Вардар и постигна 3 голови, а минатата сезона ја носеше капитенската лента.

Би можело да ве интересира

Победи за Шкендија и Ренова на саботните дуели од 3. коло во ПМФЛ

Ана Ололовска

Квалификации за ЛШ: Силекс го доби шампионот на Азербејџан

А1он

Шкупи го претстави новиот тренер Ќатип Османи

Шкендија елиминиран во првото коло

ФФМ со осуда за говорот на омраза кон Алиоски: Омразата не игра на наш терен!

Татјана Ташкова

Комисија на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци