Блажевски не успеа во намерата

Од:

Македонскиот знаменосец на синоќешното отворање на Олимпијадата, пливачот Марко Блажевски, е првиот Македонец кој настапи на Игрите во Лондон. Тој утрово се појави во олимпискиот базен во дисциплината 400 метри мешано, но не успеа во намерата да исплива со своето најдобро време.

Блажевски пливаше на шестата патека во првата квалификациска група составена од пет пливачи и го освои третото место со време 4 минути 32 секунди и 38 стотинки.

Со ова време се очекува македонскиот пливач на крајот да биде околу 34 позиција од вкупно 36 пливачи колку што се пријавени во оваа дисциплина

Личниот рекорд на најдобриот македонски пливач во моментот изнесува 4,29.07 што значи дека претпладнево Блажевски беше поспор за повеќе од 3 секунди од неговото најдобро време.

Македонскиот рекорд во оваа дисциплина стар 14 години го држи Александар Маленко и тој изнесува 4,27.62.

Втора од четиритие македонските претставници на ЛОИ ќе настапи пливачката Симона Маринова на 2 август во дисциплината 800 метри слободно.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он