Блан се договорил со ПСЖ

Од:

Поранешниот селектор на француската фудбалска репрезентација Лоран Блан се договорил со шампионот Пари Сен-Жермен кој е во потрага по нов тренер, информира весникот Л’Екип.

Според оваа информација, двете страни сите детали околу договорот ќе ги објават кога ќе биде со потпис официјализирана соработката, а тоа нема да се случи се додека не се разјасни ситуацијата со актуелниот тренер на ПСЖ Карло Анчелоти.

Италијанецот очекува да седне на клупата на Реал Мадрид, но пречка е обештетувањето кое го бара францускиот шампион за предвремен раскин на договорот со Анчелоти, а кое Реал Мадрид се уште одбива да го плати.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ