БИБЛ ја симна суспензијата за Куманово

Од:

Македонскиот претставник во БИБЛ кошаркарската лига КК Куманово ќе може да продолжи со натпреварувањето откако првите луѓе на лигата му ја симнаа суспензијата која му беше изречена минатиот месец.

Тимот на Куманово привремено беше суспендиран поради неисполнување на маркетинг и медиумските правила. БИБЛ на својата интернет страница соопшти дека се надминати проблемите и оти кумановчани ќе можат да продолжат со натпреварувањето.

Куманово на досегашните пет натпревари има скор три победи и два пораза. Следниот натпревар го игра на гости во Никшиќ против Сутјеска на 13 јануари.

Би можело да ве интересира

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка