Бездомниците на БиХ вицепрваци на Европа во мал фудбал

Од:

Репрезентацијата на бездомници на Босна и Херцеговина вчера стана вицепрвак на Европа во мал фудбал. Во финалниот натпревар на Европското првенство бездомниците во мал фудбал, одигран на плоштадот Гете, во Минхен, беа поразени од Романија со резултат 1:3.

Екипата на селекторот Елмедин Шкребе на патот до финалето славеше против Германија, Австрија, Белгија, Полска и Унгарија. Во полуфиналето БиХ триумфираше против Унгарија со 6:4.

Селекцијата на бездомници на БиХ со тоа го продолжи континуитетот на одлични резултати на големите натпревари. На минатогодишното Светско првенство во Мексико државниот тим на бездомниците на БиХ беше шести.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати