Бесплатен влез на МЗТ – Будуќност

Од:

Раководството на МЗТ Скопје планира да овозможи бесплатен влез за сите оние што ќе сакаат да го следат натпреварот од 16. коло во АБА-лигата против екипата на Будуќност, закажан за 5. јануари 2013 година.

Ова ќе биде прв натпревар на „металците“ во новата година, па управата на македонскиот првак планира на ваков начин да им ги честита празниците на своите приврзаници, но и на целокупната спортска јавност.

„Точно е дека постои идеа билетите за дуелот против Будуќност да бидат бесплатни. На оваа тема е веќе разговарано меѓу членовите на управата, но не можам да кажам дека билетите сигурно ќе бидат бесплатни додека тоа не биде донесено како одлука на состанокот на водечките луѓе во клубот“ – изјави директорот на македонскиот првак, Видоја Секуловски.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ