Берлускони се извини што го нарече Балотели „скапано јаболко“

Од:

Силвио Берлускони, сопственикот на калчолигашот Милан, му се извини на напаѓачот на премиерлигашот Манчестер Сити и италијански репрезентативец Марио Балотели, кого го нарече „скапано јаболко“.

– Му се извинувам на Балотели ако тој тоа го сфати како навреда. Сакав само да кажам дека за Милан е покорисно да имаат позитивен тимски играч. Балотели во моментов не е трансфер-цел на Милан и со него никој од клубот нема преговарано, истакна Берлускони за „Газета дело Спорт“.

Претходно, британските медиуми објавија вест дека тренерот на Милан, Масимилијано Алегри инсистирал Балотели да биде донесен на „Сан Сиро“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска