Силвио Берлускони, сопственикот на калчолигашот Милан, му се извини на напаѓачот на премиерлигашот Манчестер Сити и италијански репрезентативец Марио Балотели, кого го нарече „скапано јаболко“.
– Му се извинувам на Балотели ако тој тоа го сфати како навреда. Сакав само да кажам дека за Милан е покорисно да имаат позитивен тимски играч. Балотели во моментов не е трансфер-цел на Милан и со него никој од клубот нема преговарано, истакна Берлускони за „Газета дело Спорт“.
Претходно, британските медиуми објавија вест дека тренерот на Милан, Масимилијано Алегри инсистирал Балотели да биде донесен на „Сан Сиро“.