Белорусија доби нов селектор

Од:

Фудбалската репрезентација на Белорусија која се наоѓа во иста група со Македонија во еуро-квалификациите, доби нов селектор.

Предводник на Белорусите ќе биде Александар Хацкевич.

Тој на селекторската функција доаѓа на местото на Георги Кондратјев кој пред два месеца поднесе оставка.

41-годишниот Хацкевич во досегашната негова кариера работел како тренер во Динамо Минск, Витебск, Динамо Киев – младински тим, а бил селектор и на младинската репрезентација на Белорусија.

Токму Белорусија е следниот противник на Македонија во квалификациите за ЕУРО 2016. Натпреварот ќе се игра на 27 март 2015 година во Скопје.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ