Бекам: Сакам да ме паметат како фудбалер

Од:

Дејвид Бекам е еден од најголемите фудбалери кои Англија некогаш ги имала, но неговата слава надвор од теренот некогаш засенува се што тој постигна во својата фудбалска кариера.

Тој играше во некои од најдобрите светски клубови, сега има 37 години, и е практично пред завршување на кариерата, иако се уште не планира да престане да го игра омилениот спорт.

Во итнервју за магазинот Есквајер, Дејвид кажа многу работи, а меѓудругото и реченицата по која веројатно ќе биде запаметен. Кога го прашале како сака да го запаметат, Давид едноставно одговорил: „Само како вреден фудбалер“.

Првенствено сакам да бидат запаметен како добар и успешен фудбалер, затоа што тоа е она со што се занимавам многу години. А потоа, кој знае, изјави Бекам.

Бекам за некои е познат и како топ модел, кој во текот на долгогодишната кариера беше заштитно лице на многу светски брендови.

Тој неодамна им заблагодари на фановите на поддршката кои години му ја даваат и истовремено на Фејсбук објави дека има 20 милиони фанови.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ