Бекам доби статуа во Лос Анџелес

Од:

Најуспешниот фудбалски клуб во САД, Лос Анџелес Галакси овековечи еден од најпознатите фудбалери кои го носеле дресот на тимот – Дејвид Бекам.

Клубот откри статуа на Англичанецот пред својот стадион, а официјалната церемонија се одржа пред почетокот на натпреварот против Чикаго Фајер, прв за новата сезона во МЛС Лигата.

Дејвид Бекам, кој направи име во Манчестер Јунајтед и Реал (Мадрид), играше за Галакси шест сезони (2007-2012) и освои две титули на САД. Тој има 20 гола за тимот во 124 натпревари.

Лос Анџелес Галакси го победи Чикаго Фајер со 2:1, а победоносниот погодок го реализира ѕвездата на тимот Златан Ибрахимовиќ со глава во 80-тата минута.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ