Бејл поради затајување данок ќе треба да плати 337.000 евра

Од:

Герет Бејл е обвинет за затајување данок во Шпанија, а поради прекршување на законот, ќе треба да плати 337.000 евра.

Ѕвездата на Реал Мадрид не ги пријавила целосните приходи од имиџ правата по пристигнувањето од Тотенхем во Реал Мадрид во 2013 година, или 200.000 евра неплатен данок. Покрај тоа, има и парична казна од 100.000 и 37.000 евра камати, пишува „Мундо Депортиво“.

Бејл треба да го подмири износот за неколку недели.

Своевремено најскапиот играч во светот (Реал даде 100 милиони евра компензација на Тотенхем) Бејл им се придружи на Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Марсело, Алексис Санчез, Радамел Фалкао и други фудбалери кои исто така избегнаа данок во Шпанија, но поминаа со многу потешки казни од Велшанецот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска