Барселона очекува загуби од 60 милиони евра поради ситуацијата со коронавирусот

Од:

Барселона се подготвува за финансиското влијание од кризата со коронавирусот. Според новиот извештај, вкупната загуба на клубот во овој период ќе изнесува 60 милиони евра.

Каталонците треба да продолжат да плаќаат плати на играчите, што е 70% од буџетот. Во исто време, речиси и да нема приходи во овој период. Во отсуство на натпревари, не се продаваат билети, а во отсуство на туристи, клубот не продава дресови и предмети.

За прв пат од 2011 година се очекува Барселона да ја заврши во загуба финансиската година. Дали клубот ќе може да ги надомести загубите следната сезона, останува да се види. Сега Каталонците ја анализираат ситуацијата и бараат најдобри решенија за ублажување на економските последици.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски