Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Ванчо Балевски го објави списокот на фудбалерки на кои ќе смета за претстојните два квалификациски натпревари за против Белорусија и Шкотска.
Балевски ги повика следните фудбалерки: Викторија Донева (Драгон), Маја Анѓеловска (Драгон), Наталија Наумов (Драгон), Катерина Милевска (Кочани), Бојана Иванова (Истатов), Фроска Костова (Кочани), Александра Ристовска(Тиверија), Ели Јаковска (Суботица), Душанка Пејкова (Истатов), Драгана Костова (Драгон), Ленче Андреевска (Драгон), Рочи Гентјана (Клопенбург), Сијче Андонова (Нојндорф), Афродита Салихи (Кочани), Наташа Андонова (Росенгард), Јана Чубриновска (Кочани), Александра Марковска (Суботица), Шкипе Бојку (АС Јунајтед), Милка Арсова (Кочани).
– На првиот натпревар со Белорусија очекуваме сигурна победа, ќе дадеме максимум и ќе ја искористиме позитивната атмосфера во тимот да ја наградиме со победа. Натпреварот против Шкотска ќе биде многу тежок, со оглед на тоа дека веќе игравме со оваа селекција на домашен терен и загубивме, но сепак не се предаваме пред време ќе дадеме максимум и на тој натпревар. Ќе пробаме да дадеме повеќе голови па дури и да изненадиме, изјави македонскиот селектор за веб страната на ФФМ.
Натпреварот, Македонија – Белорусија, ќе се игра в четврток (26 ноември), на тренинг центарот на ФФМ на теренот „Петар Милошевски со почеток од 13 часот, додека гостувањето во Шкотска е на 29 ноември со почеток од 15 часот.
Досега Македонија нашата женска селекција одигра два натпревари во квалификациите, и двата во Скопје ги загуби убедливо, од Шкотска со 4:1 и Исланд со 4:0.