Балак нема пари да си ја плати казната

Од:

Адвокатот на поранешниот германски интернационалец Михаел Балак изјави дека неговиот клиент не може да плати 10 илјади евра поради пребрзо возење во средината на октомври во Шпанија.

Хесус Галегро Рол напомена дека Балак е невработен од октомври и не може да издвои толкава сума на пари.

„Тоа што Балак е славен фудбалер не значи дека има и пари“, рече Рол.

36-годишниот Балак, на 17-ти октомври е приведен поради пребрзото возење – возел 211 километри на час.

Балак своевремено, додека играше за Челси, заработуваше по 150 илјади евра неделно. Германскиот интернационалец во октомври ја заврши кариерата.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ