Бах: Буенос Аирес е подготвен да ја организира Олимпијадата во 2032 година

Од:

Буенос Аирес може да биде домаќин на Летните олимписки игри во 2032 година, изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах.

Во моментов, главниот град на Аргентина ги организира Младинските олимписки игри, а домаќините добија одлични оценки за организацијата.

– По неверојатно успешните Младински игри никој не треба да има сомнеж дека Буенос Аирес е подготвен да организира Олимпијада. Ова може да се случи во 2032 година, прокоментира Бах.

Во оваа фаза, желба за организација на Олимпијада 2032 најавија Индонезија и заеднички Јужна и Северна Кореја.

На последниот ден на Игрите во Буенос Аирес, Томас Бах се надева дека вкупниот број на посетителите на натпреварите ќе достигне еден милион. Досега 974.000 гледачи ги следеа натпреварите, што е рекорд за една Младинска олимпијада.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме