Австралија се квалификуваше за Олимписките игри во Токио следната година

Од:

Кошаркарската репрезентација на Австралија вчера имаше двоен повод за славје. „Кенгурите“ ја совладаа Литванија со 87-82, влегувајќи во следната фаза на турнирот без пораз, а исто така обезбедија и билет за Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Тие се квалификуваа на Летните олимписки игри благодарение на победата на Грција над Нов Зеланд, која официјално ја прогласи Австралија за највисоко пласирана екипа во зоната на Океанија.

Австралијците се вториот тим кој се квалификуваше на Олимписките игри во Токио, откако Јапонија автоматски го добива тоа право како домаќин.

Достигнувањето ќе остават во втор план Австралијците, бидејќи нивната битка на СП продолжува утре со почеток во 10:00 часот против Доминиканската Република во натпревар од втората фаза на турнирот.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он