Австралија го победи Тунис

Од:

Австралија го победи Тунис со 1:0, во првиот натпревар од второто коло, во Б-групата, на Мундијалот во Катар. Победникот го реши голот на Дјук во 23. минута.

Австралија ја оствари првата победа во Катар, ова е трета во историјата на фудбалската репрезентација на Светските првенства. „Кенгурите“, со овој триумф ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата.

Овој пораз за Тунис во голема мерка значи и елиминација од СП, бидејќи имаат само еден бод, а во последното коло оваа селекција ќе игра против Франција.

Најдобриот период во играта, првите 20 минути, Австралија го круниса со гол. Мичел Дјук одлично реагираше на еден центаршут од десната страна.

Остатокот на натпреварот мина во доминација на Тунис, но селекцијата од северниот дел на Африка, не успеа да создаде некоја сериозна шанса за гол.

На 30.ноември, Австралија ќе игра против Данска, а Тунис ќе се соочи со Данска.

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата