Австралија ги налути Французите, па стана „лесен залак“, Жиру се израмни со Анри!

Од:

И покрај тоа што примија гол по само 9 минути игра, Франција на крајот стигна до 3:1 победа над Австралија за да има сигурен старт на одбраната на светската титула и покрај кризата со повредени играчи, која се зголеми со повредата на дефанзивецот на Баерн Минхен, Лукас Ернандез.

Австралија најави дека може да направи втора сензација денеска во Катар, откако во 9. минута по еден брз контранапад, Крег Гудвин го совлада Иго Љорис за шок на „триколорите“. Сепак, Франција бргу ја врати рамнотежата на теренот со постојана доминација во играта. Адриен Рабио беше клучниот човек за пресврт во средината на првото полувреме.

Прво тој по асистенција на Тео Ернандез, кој го замени својот повреден брат Лукас во 10. минута, израмни на 1:1 во 27. минута, за потоа фудбалерот на Јувентус да му асистира на Оливие Жиру во 32. минута за преземање на контрола на мечот. Ова беше 50. гол на Жиру за Франција, откако беше стартер во тимот на Дидие Дешам по повредата на освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема.

Во второто полувреме, Французите и покрај предноста, целосно доминираа во сите аспекти на играта, што во 68. минута резултираше со зголемување на водството откако Усман Дембеле го пронајде Килијан Мбапе за 3:1, за само четири минути подоцна, Мбапе да му асистира на Жиру за тој да го постигне 51. репрезентативен гол и да се израмни со легендарниот Тјери Анри како најдобар стрелец во историјата на Франција.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата