Кошаркарите на АВ Охрид со пораз го почнаа натпреварувањето во Втората АБА лига откако вечерва пред своите навивачи загубија убедливо од Борац Чачак со 82:62 (21:14; 20:19; 20:18; 21:11). Гостите од Србија ги добија сите четири периоди и заслужено стигнаа до триумфот.
Најефикасни на натпреварот беа Американецот во редовите на Охрид Реми Бери и Марко Стојадиновиќ кај Борац, кои постигнаа по 21 поен.
Резултати на натпреварите од 1.коло: Босна Ројал – Вршац 77:84, АВ Охрид – Борац 62:82, Теодо – Рогашка 78:69 и Сплит – Зрињски 90:76. Во тек се дуелите: Крка – Ловќен и Динамик – Приморска.