Во првиот натпревар од 4.коло во фудбалската Лига Европа, одигран попладнево во Астана, екипата на Локомотив и Олимпијакос одиграа без победник 1:1.
Домаќините поведоа со голот на Ѓорѓе Деспотовиќ во 8.минута, Бразилецот Себа во 30.минута ги постави конечните 1:1 на овој меч.
Ова беше дуел од Б групата, во кој вечерва од 19 часот ќе се игра средбата АПОЕЛ Никозија – Јанг Бојс.
Во истиот термин (19 часот) закажан е почетокот уште на десет натпревари и тоа:
А група: Зорја Луханск – Феенорд и Фенербахче – Манчестер Јунајтед.
Ц група: Кабала – Сент Етијен и Андерлехт – Мајнц.
Д група: Зенит Ст.Петерсбург – Дандолк и Макаби Тел Авив – АЗ Алкмар.
Е група: Австрија Виена – Рома и Астра – Викторија Плзењ.
Ф група: Сасуоло – Рапид Виена и Атлетик Билбао – Генк.
Натпреварите од другите шест групи ќе се играат во терминот од 21 часот и 5 минути.