Апел за спортско и достоинствено навивање

Од:

Агенцијата за млади и спорт, апелира до секој љубител на фудбалот кој ќе биде на „Националната арена Филип Втори“ да се однесува пристојно и да го почитува Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

„Секој љубител на фудбалот, подржувач и навивач на фудбалскиот клуб Вардар, со достоинственото и спортско навивање за својот клуб, ќе придонесе за победата и пласманот на ФК Вардар во наредното коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а со тоа ќе се запише уште една успешна приказна во историјата на македонскиот спорт. Со такво навивање ФК Вардар и Република Македонија ќе испратат порака до фудбалска Европа дека целосно ги применуваат и почитуваат европските директиви во борбата против недостојното и неспортско однесување за време на натпреварите од Лигата на шампионите“, стои во денешното соопштение на Агенцијата.

Реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампините, Вардар – БАТЕ Борисов ќе се одигра вечерва од 20 часот. Пред седум дена во Белорусија, на првиот натпревар, победи БАТЕ Борисов со 3:2

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ