Антонио Конте доби суспензија

Од:

Тренерот на италијанскиот шампион во фудбал Јувентус, Антонио Конте, доби деветмесечна суспензија, поради вмешаност во скандалот со местење на натпревари, објави агенцијата АНСА.

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија (ФСИ) го казнила Конте бидејќи тој знаел за местењето на натпревари, во времето додека бил тренер на Сиена (2010/2011), но во врска со тоа не ги известил надлежните органи. Наместени биле натпреварите на Сиена против Новара и Албинолефе, Конте во нив не учествувал директно, но знаел што се случува.

На крајот Конте може да биде задоволен со суспензијата, бидејќи главниот обвинител Стефано Палаци барал суспензија во време траење од 15 месеци.

Покрај Конте пред судот се наоѓаат и двајца играчи на Јувентус, Леонардо Бонучи и Симоне Пепе, кои наводно учествувале во местење на натпревари како играчи на Бари односно Удинезе. Бонучи е обвинет дека директно учествувал во местење на натпревари, додека со Пепе е во слична ситуација како и неговиот тренер, тој знаел што се случува, но не известил никого.

Претпоставките на италијанските медиуми се дека Конте, откако суспензијата ќе биде официјално објавена, ќе поднесе оставка на тренерската функција во Јувентус.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ