Антиќ заминува од Олимпијакос!?

Од:

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ многу веројатно е следната сезона да настапува во дресот на друг европски клуб, откако грчките медиуми пренесуваат дека челниците на Олимпијакос немаат намера да му понудат нов договор на капитенот на „црвено-жолтите“.

Антиќ во двете сезони во црвено-белиот дрес освои две титули европски првак со тимот од Пиреја, а и покрај одличните игри на фајнлфор турнирот во Лондон, каде Олимпијакос успеа да ја одбрани европската круна, тој не се нашол во идните планови на тренерот Барцокас, кој својот став им го пренел на сопствениците на клубот.

Местото на Антиќ се шпекулира дека Олимпијакос ќе го пополни со Американецот Брент Петвеј, кој игра на истата позиција како и Антиќ, оставајќи впечаток со игрите во дресот на АГОР во грчкиот шампионат.

За услугите на македонскиот ас интерес пројавуваат ЦСКА Москва, како и во таборот на Фенербахче Улкер, каде може да му се придружи на репрезентативниот соиграч Лестер Бо Мекејлеб.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ