Англија последен полуфиналист на ЕУРО 2017 за жени

Од:

Женската фудбалска репрезентација на Англија како последна успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство за жени што се одржува во Холандија. Синоќа во четвртфиналето Англија ја победи Франција со 1:0, а стрелец на голот беше Џоди Тејлор во 60.минута.

Пласман во полуфиналето избори и дебитантот Австрија со победата над Шпанија со 5:3 по изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел беше 0:0. Изненадување направи Данска со победата над Германија со 2:1 на одложениот дуел, кој наместо во саботата се одигра вчера поради силниот дожд во Ротердам кога требаше да се игра натпреварот.

Пласман во полуфиналето обезбеди и домаќинот Холандија со победата над Шведска со 2:0.

Во полуфиналето во четврток (3.август) ќе играат Австрија – Данска и Холандија – Англија.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург