Женската фудбалска репрезентација на Англија со победата од 1:0 над Германија (по продолжение) во „малото финале“ на Светското првенство што се одржува во Канада го освои бронзениот медал.
Ова е прв медал за фудбалерките на Англија на шампионатите.
Натпреварот беше решен во продолжението со голот на Фара Вилијамс од пенал во 108. минута. За неа ова беше трет реализиран пенал на Светското првенство.
Во финалето вечерва ќе играат актуелниот шампион Јапонија и САД.