Ангеловски до Пандев: Горане, утре да ги предводиш браќата до Европско првенство

Од:

Македонија е дојдена во Тбилиси да победи и да се пласира на Европско првенство. Селекторот Игор Ангеловски го повика капитенот Горан Пандев јавно на прес – конференција утре да го предводи нашиот национален тим до најголемиот успех во историјата.

„Ако е некој заслужен зошто Македонија ќе игра финале за Европско првенство, тоа е Пандев. Тој е наша „икона“, Горане ти посакувам утре да ги предводиш браќата до пласман на ЕП. Знаеме колку тоа ни значи на сите нас, и на цела Македонија. Ја респектираме Грузија, го респектирам селекторот Владимир Вајс кој направи одлични резултати, имавме два нерешени дуели, но утре ќе мора да има победник, а влогот е огромен. Ќе го подготвам тим на најдобар начин, мотивација не е ни потребна, затоа што финале се игра да се добие, со срце и со огромно залагање на секој дел од теренот. Верувам дека Македонија ќе слави на крајот. Тука сме сами, но ја чувствуваме поддршката од сите Македонци и ќе играме за да успееме“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска