Бјанка Андреску имаше неверојатна недела во Индијан Велс, освојувајќи ја првата ВTA титула по драматична победа над Анжелик Кербер во финалето.
– Прво сакам да и честитам на Кербер за извонредниот турнир. Беше задоволство да го делам теренот денес со тебе. Ти си голем шампион и инспирација. Се надевам дека овој момент ќе служи за инспирација за многу млади спортисти – како што секогаш сум велела: „ако веруваш во себе, сè е можно“. Мајка ми секогаш ми велела во текот на годините: „Ако работиш напорно и гониш големи соништа, можеш да постигнеш многу нешта“. Ова го правам многу години и конечно овој момент стана реалност, изјави Андреску по мечот.
Осумнаесет годишната Канаѓанка веќе има 25 победи од 28 натпревари сезонава, а оваа ја направи најмладата шампионка на Индијан Велс од 1999 година, кога триумфираше Серена Вилијамс.