Анчелоти: Одбраната на Касиљас клучна за победата

Од:

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти задоволен од пласманот во финалето на Светското клупско првенство, рече дека клучниот момент кој го решил победникот на синоќешното полуфинале со Круз Азул (4:0) се случил во 40.минута кога Касиљас одбрани пенал.

– Иако на многумина им се чинеше дека со 2:0 работата е завршена, тоа не беше така. Клучна за победата беше одбраната на Икер кој повторно не дозволи да биде совладан од пенал. Нашиот голман беше фантастичен, додаде италијанскиот стручњак.

Анчелоти ја коментираше и играта во нападот на неговиот тим.

– Добро функциониравме во офанзива. Роналдо не постигна гол но асистираше. Тој погодоците ги чува за финалето, истакна тренерот на Реал.

„Кралскиот клуб“ в сабота во Маракеш, Мароко ќе се бори за трофејот против поуспешниот од дуелот Сан Лоренцо – Оукленд Сити.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ