Американците го елиминираа Иран, Рашфорд ги крена Англичаните над Велс

Од:

Англија го обезбеди првото место во групата Б и интересен меч со Сенегал во осминафиналето на Светското првенство во Катар со 3:0 победата во соседскиот меч против Велс, додека САД го направија тоа што им беше потребно, издржувајќи го притисокот за 1:0 победа над Иран со кој го освоија второто место во групата Б и дуел со Холандија.

Политичката конотација на мечот помеѓу САД и Иран беше добро позната пред мечот, откако Американската фудбалска федерација го претстави иранското знаме без нивниот традиционален грб, по што Иранците бараа исфрлање на Американците од првенството. Сепак, на теренот работите воглавно беа фер и видовме интересна битка која можеше да заврши со било кој резултат. На Иран им беше потребно само реми за пласман, додека Американците мораа да стигнат до победа.

Клучен беше нивниот најпознат фудбалер, ѕвездата на Челси, Кристијан Пулишиќ, кој во 38. минута по одличната асистенција на Сержињо Дест, храбро влета во иранскиот голман и ја смести тпката во мрежата. Иранците во текот на второто полувреме доминираа во играта, но немаа сили за победа. Иранците браа пенал во 9. минута од судиското продолжение кога Тареми беше соборен во шестнаесетникот, но шпанскиот судија Матеу Лахоз не побара ВАР-снимка,

Од друга страна, Англичаните ја потврдија доминацијата во мечевите со добрите познаници Велс, победувајќи со рутински 3:0 со двата гола на Маркус Рашфорд и подзаборавениот Фил Фоден, кој доби шанса да биде стартер. По неизвесното прво полувреме, Рашфорд го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар во 50. минута, пред Фоден да зголеми на 2:0 две минути подоцна. Рашфорд со голот број 100. за Англија на Мундијалите го комплетираше мечот во 68. минута.

ГРУПА Б
Англија – Велс 3:0
Иран – САД 0:1

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата