Агенцијата за туризам и МАФ ќе ги уредуваат алпинистичките локалитети во Македонија

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) годинава работи на проектот „Развој на алпинизмот и негово ставање во функција на туризмот”, што е дел од годишната програма на АППТ за 2018 година.

Како што Агенцијата наведува „ овој проект има за цел уредување на алпинистичките локалитети во Република Македонија и за него е изработен план за работа што предвидува активности за уредување на локалитетите Матка, Демир Капија, Остра Карпа и Лешница. Активностите за уредување на локалитетите ќе бидат со цел чистење на алпинистичките насоки, отстранување на вегетација, замена на клинци, уредување на сидришни точки, маркирање на петеки и поставување на информативни табли и патокази. Уредувањето на локациите за алпинистичко качување треба да ја зголеми безбедноста, пристапноста и атрактивноста на локациите и да привлече поголем број на туристи од еден од сегментите, кој се смета за најбрзо растечки.

Проектот за уредување на алпнистичките локалитети е во соработка со Македонската алпинистичка федерација, а главната идеа е зголемување на безбедноста, пристапноста и атрактивноста на локациите за алпинистички качувања, што е предуслов за развој на овој спорт, кој пак претставува форма на туристичка содржина како важен дел од авантуристичкиот туризам. Алпинизмот, според светската туристичка организација, спаѓа во категоријата на активности кои се високо интензивни и авантуристички и претставува селективен облик на туризам. Со оглед на фактот дека овој сегмент од авантуристичкиот туризам бележи раст во одредени региони и до 75 тсто, а воедно се предвидува растот во наредната декада да продолжи да се зголемува, Агенцијата за туризам одлучи да го лансира овој проект, земајќи ја предвид добрата основа на квалитетните карпи и долгата летна сезона во Македонија.

Агенцијата наведува дека „зголемувањето на понудата во авантуристичкиот туризам, која е многу подоходовна за лoкалната економија, е можност странските и домашните туристи на интересен начин да излезат од секојдневието. Активниот туризам бара уникатни, природни ресурси кои Македонија ги има во изобилие, но неопходно е истите како што веќе напоменавме да се стават во функција на еден безбеден и одржлив начин“.

Би можело да ве интересира

Двајца тетовски алпинисти го освоија Арарат, највисокиот врв во Турција

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Арсова: Достигнав животна цел и ја направив горда нацијата

Искра Манојлоска

Илина Арсова е прва Македонка што ги искачи сите седум највисоки врвови на сите седум континенти

Татјана Ташкова

Александар Кирковски успешно се искачи на алпскиот врв Вајсхорн

Првата црна жена Африканка што го освоила Монт Еверест

Ана Ололовска

Јубилеј – 30 години од освојувањето на Монт Еверест од првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато

Ана Ололовска